ВМРО-ДПМНЕ: Неспособниот Филипче направи граѓаните последни во регионот да примаат вакцина против корона

Десетти месец од корона во Македонија и ниту една соодветна мерка, ниту протоколи, ниту соодветни лекови, ниту просторни услови, уште помалку доволно медицински лица за лекување на граѓаните, велат утринава преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека само ова е (не)направено од Филипче и Заев. 

„Македонија ја ставија на високо петто место во Европа по број на починати или 1.100 починати на милион, затоа по број на тестови Македонија пак е на дното по направени тестови.

Македонија и граѓаните како тргнале ќе ги остават и без вакцини. Најавено дека на 26 декември ќе ги има во Хрватска, најавени и во Србија, во Македонија или Филипче се уште преговара за да стигнеле. А кога ќе стигнат очигледно ни самиот не знае. Математиката не му се погодува, а тоа му е најважно на Филипче , а не здравјето на граѓаните. 

Освен грижата за сопствената слика, освен пиар граѓаните не видоа ништо. Сега и медицинските лица ги користат за сопствен пиар, велат ќе има давале еднократна награда. Зарем оние кои се клучни за здравјето на граѓаните, а кои се покажа и колку се неопходни во време на епидемија толку ги ценат за да им дадат само еднократна награда. Да се грижеа немаше да има скоро три илјади заразени медицински лица, и дваесеттина починати. 

Одговорност мора да има!

 

Граѓаните платија висока цена, Заев и Филипче мора да одговараат!“ стои во соопштението на опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега