ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Филипче е елементарна непогода за македонскиот здравствен систем

Филипче нема ниту еден успех зад себе. Нема ниту нов Клинички центар кој толку многу го ветуваа. Излажаа дека ќе ја доградат и веќе започнатата Клиничка болница во Штип која во наследство им ја остави владата на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Министерот за здравство Венко Филипче

„Македонија е рекордер по смртноста на новороденчиња, а најголемото фијаско е што земјава е во врвот на најнеуспешни земји кои се справуваат со Ковид кризата. 

Државава е изолирана поради неспособноста на Филипче и Заев. Тоа е министерот кој лажеше дека ја вакцинирал својата внука од сипаници и чиј главен и единствен интерес се тендерите и личниот профит. 

Дали е свесен Филипче дека неговата неспособност преставува елементарна непогода за македонскиот здравствен систем“ велат во реакцијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2020 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега