ВМРО-ДПМНЕ: Нов црн рекорд на неспособниот Филипче, решението е јасно – Венко оставка веднаш

Неспособноста на Филипче резултира со нови 1295 случаи и 26 починати. Повторно црн рекорд! Црн рекорд што се должи на неспособноста на Филипче и незаинтересираноста на Владата на Заев за грижа за здравјето на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Илјадници граѓани доживуваат голгота секој ден.

Сепак Филипче и Заев имаат време за своите бизниси, тоа е јасно и тоа се гледа секој ден.

Здравствениот систем е колабиран, исцрпени медицински лица, нема соодветна, а нема ниту секаде терапија, граѓани умираат на пат до болница или во ходници, а Филипче и Караџовски викаат под контрола е ќе разговараме во понеделник?!

Филипче нема време за разговори, нема време за ништо, твојата неспособносност секој ден завива семејства во црно.

Неспособниот Филипче ја стави Македонија, во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од КОВИД – 19 на 100 илјади жители.

Решението е едноставно во ваква ситуација, Филипче оставка и тоа веднаш“ – се наведува во партиското соопштение!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега