ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедивме 61 пратеник во Собранието

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека веќе имаат обезбедено поддршка од 61 пратеник но чекаат на уште четворица пред да побараат гласање за доверба на Владата.
Како што јавува Сител, повикувајќи се на високи партиски извори, во ВМРО-ДПМНЕ се решиле на ваков чекор бидејќи стравуваат од можноста власта да врши притисоци врз пратениците во пресрет на самото гласање и да ги предомислат.
Во владејачкото мнозинство идентичен став. И СДСМ и ДУИ велат дека Владата функционира стабилно и дека мнозинството е сигурно. По премиерот Заев кој во последните неколку дена повеќе пати повтори дека предвремени избори нема да има и Ахмети денеска со ист став. Според него, се функционира нормално и нема потреба да се организираат избори, бидејќи како што вели, на ваков чекор се оди тогаш кога државата не функционира.


 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега