ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме кривичка против Зечевиќ, ширел корона меѓу охриѓани

СДСМ крие дека Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид!, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

-СДСМ додека ја замајува и лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19-ти во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани.

Миле Зечевиќ и официјално е позитивен на корона вирусот од 20-ти јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани.

Ја повикуваме директорката на центарот за јавно да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ. Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ, се вели во нивното соопштение испратено до медиумите.

 

-СДСМ напаѓајќи го и фингирајќи случај против градоначалникот Кирил Пецаков само докажува дека се неспособни да се справат со короната која однесе над 8 илјади животи, додаваат во соопштението.

24.01.2022 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега