ВМРО-ДПМНЕ: Од овој месец граѓаните ќе плаќаат сметки по најмалку 1.500 денари повеќе

-Пиунот Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение, утрово испратено до медиумите.

-Пиунот Ковачевски е директно виновен за сите негативни ефекти во економијата. Тој е заменик министер за финансии додека долгот надмина 60% од БДП, додека имаме најмал број на странски директни инвестиции во регионот и додека стопанството и граѓаните се соочени со инфлација.

Истиот Ковачевски и СДСМ со нивната неспособност придонесоа за раст на цената на струјата и парното од 15%. Од овој месец граѓаните ќе плаќаат по најмалку 1.500 денари повеќе како резултат на неспособноста на СДСМ и Ковачевски навреме да ископаат јаглен и да обезбедат евтин гас, стои во реакцијата на партијата.

 

Оттаму додаваат дека со СДСМ и пиунот Ковачевски не може да биде подобро.

-Секој месец поминат со нив е се полош. На Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе знае да се справи со предизвиците, додаваат од опозициската партија.

20.01.2022 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега