ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката Рашковски да биде пуштен во домашен притвор е показател за заробениот правен систем на Заев

Одлуката да биде пуштен  Драги Рашковски во домашен притвор е уште еден показател за заробениот правен систем од страна на Зоран Заев, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

СПоред партијата, оваа одлука само по себе е скандал.

-Оваа одлука денес сама по себе е скандал, бидејќи покажува дека кога Заев те брани , тогаш криминалот се простува. Постои сериозна основа да се сомневаме дека Заев има вмешано прсти во ваквата одлука. Јавноста со право се сомнева и дека на овој начин може да се влијае врз сведоците и врз доказите, а со тоа и врз целиот судски процес. Очигледно, како Заев свири, така судовите и обвинителството играат. Да потсетиме дека пред недела дена Заев изјави дека Рашковски не ја злоупотребил функцијата во случајот со набавката на софтвер и дека не верува во обвинението против него и денес гледаме како на Рашковски му се дозволува да биде во домашен, а не ефективен притвор, велат од партијата.

За партијата симптоматична е и висната на кауцијата.

-Посебна приказна е висината на кауцијата од половина милион евра која Рашковски ја обезбедил, иако цел живот работи за плата исто како што е сомнителен и целиот имот кој што успеал да го стекне. Но тоа што сите го гледаат, судството кај нас не го гледа. Ова е причина плус зашто мора да замине Заев од власт. 4 години власт на Заев се 4 изгубени години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

04.06.2021 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега