ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Кривичните пријави на СВР Охрид се избрзани и неосновани, по партиска директива

-Ја осудуваме хајката против градоначалникот Пецаков додека институциите во служба на СДСМ молчат за премиерот Ковачевски. Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид јавно ја осудува хајката којашто се води против градоначалникот Пецаков додека властите молчат за премиерот Ковачевски, реагираат преку писмено соопштение испратено до медиумите од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Ј-а информираме јавноста дека се работи за политички монтирани случаи за градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески. Сагата продолжува со избрзани и неосновани кривични пријави од страна на СВР Охрид. По партиска директива не дочекаа ниту да им заврши изолацијата и покрај добиените негативни тестови, па да ги повикаат на информативен разговор. Прашањето е како успеаја да ги соберат информациите и податоците без изјави особено од засегнатите страни, за така да ја состават кривичната пријава и да ја достават до надлежниот јавен обвинител?

Кривичните пријави не се ништо ново, туку продолжување на серијата за партиското делување на МВР. Доказ за тоа е дека Ковачевски и Зечевиќ ги изложија на ризик граѓаните, а за таквите чекори властите молчат, се вели во нивната реакција.

-Зошто за МВР во овие случаи нема постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија? Факт е дека Ковачевски наместо во изолација при тестирање за патување во Бугарија беше пред камери, даваше изјави и се фотографираше на настани. Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, треба веднаш да поднесат кривични пријави за Ковачевски и Зечевиќ, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

25.01.2022 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега