ВМРО-ДПМНЕ: Оправдувањата на Шилегов за комарците, е исто како да се жали дека во јануари има снег затоа што е зима

Шилегов ја откри Америка! Оправдувањето дека има комарци затоа што месецот е влажен, е исто како во јануари да се жали дека има снег затоа што е зима, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, да не било трагично ќе било смешно.

-Не помина лето откако Шилегов е градоначалник, а скопјани да не се под наезда на комарци. Не помина лето, а да не се фрлаат милиони за прскање, а притоа да нема никаков ефект. Скопје не го заслужува дилетантизмот на Шилегов. Шилегов треба да си замине, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.08.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега