ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Филипче е морален, но и единствено исправен чекор

Македонија тоне во зараза од КОВИД-19. На секој час во последните 48 часа имаме по 10 заразени. Само вчера регистрирани се нови 243 случаи, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Филипче велеа дека бројот на заразени нема да надмине 2.000, а сега тој е 18.602 и е речиси десеткратно повеќе отколку Заев и Филипче не уверуваа.

Заев и Филипче немаат стратегија. Македонија секој ден има нов пик. И нема изгледи за стивнување на бранот.

Состојбата е уште полоша затоа што власта нема соодветни протоколи ниту во градинките ниту во школите. Секојдневно гледаме заразени од градинки и одговорност нема.

Состојбата е алармантна и на полето на починати. Во текот на вчерашниот ден починаа 4 лица, со што бројката на починати се искачи на 753. Заев и Филипче немаат контрола над ситуацијата.

Со Заев и Филипче Македонија само ќе тоне.

И Заев и Филипче мора да понесат одговорност за хаосот во кој сме моментално.

Оставка е морален, но и единствено исправен чекор во моментот. Филипче охрабри се – Поднеси оставка“, се наведува во нивното соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега