ВМРО-ДПМНЕ: Патетични се објаснувањата и правдањата на мрзеливиот градски арамија Шилегов

Скопје пред се има потреба од домаќинско работење, така со 1.7 милиони евра ќе се купат две противпожарни возила со скали, а не едно, обвинува преку соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Патетични се објаснувањата и правдањата на мрзеливиот градски арамија Шилегов дека градот има потреба од противпожарно возило со скали, да има, ама не по цена двојно поскапа од таа која ја плаќа град Загреб за исто такво возило.

Потребата за нешто, не е оправдување за криминал.

Се е повеќе од очевидно. Возилото кое го купува Шилегов е 1.723.621 евра, исто такво возило град Загреб купил за 794.052 евра. Нема дополнителна опрема која што ќе чини повеќе од возилото. А уште посмешно е дека град Загреб би набавил неопремено возило.

Разликата во набавката од 939.569 евра е огромна. И во јавноста со право се поставува прашањето во чии џебови завршила таа, особено ако се земе во предвид дека ј фирмата која го испорачала возилото во Загреб остварила профит од набавката, така доаѓаме до фрапантни бројки.

Ова не е предмет само за ДКСК, ова е предмет и за ЈО. Не смее уште едем крупен криминал да заврши со одговорност на некој службеник, одговорност мора да има од врвот. Шилегов не може да се апстрахира од вина. Одговорност мора да има“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега