ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот на Заев, Ковачевски треба да каже што содржи пакетот одговори 5+1?

Пиунот Ковачевски продолжува таму кај што застана Заев. Тој верно ја продолжува предавничката политика на својот ментор. Отиде во Бугарија без да изусти ни збор пред домашната јавноста за основното прашање, што содржи пакетот одговори 5+1 кој што го предале на Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На чесен збор на поклоник на Заевизмот не му се верува, а таков е пиунот Ковачевски. Тој е должен пред македонската јавноста да каже што содржат одговорите кои се доставени до Бугарија, особено ако се има предвид дека Артан Груби најави дека се удобни за бугарската страна.

Наместо претстава и глума, народот треба да знае со какви позиции настапува пиунот Ковачевски во Софија по однос на македонскиот јазик, историја и идентитет. Пазарџиството со ваквите прашања се својствени за заевизмот, од каде што произлегува и самиот Ковачевски. Впрочем кога и еден кариерист како Димитров говори дека се подготвуваат нови отстапки на сметка на Македонија, тогаш сликата за надворешната политики на Ковачевски станува целосна.

Молкот и нетранспарентноста на владата само говори дека се пакува нов пораз за Македонија и македонскиот народ. Очигледно заевизмот е најголемиот противник на македонските позиции и тој мора да биде поразен на предвремени парламентарни избори час поскоро, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

25.01.2022 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега