ВМРО-ДПМНЕ: Полициски час, ама Заев одлучил да истера попис дури и да починат 2400 лица

Продолжен полициски час, кризна состојба, ама Заев решил дека мора да го исполни меѓупартискиот договор и да се одржи попис, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев не се откажува од попис и по цена да се реализираат проценките во тој период на спроведување на пописот да има околу 2400 починати и околу 50 илјади заболени. На Заев и Филипче не им е гајле за здравјето на граѓаните. Заев има единствена грижа да ги реализира тесните партиски интереси, да го реализира тоа што си го договорил со владиниот партнер“, стои во писменото соопштение од оваа партија.

Од таму додаваат дека Заев не се интересира што секојдневно има по неколку десеттина починати.

„Заев не се грижи што нема склучено нити еден договор за набавка на вакцини и што нема вакцини против коронавирусот. Ама затоа ќе си го истера договорот за политички попис по цена на животот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ напоменуват дека токму поради ваквите состојби ќе дојде време кога Заев ќе одговара за сите постапки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега