ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на Заев за свиткана кичма доведе до целосна негација на државата, нацијата и народот

Шокирани сме од однесувањето на источниот сосед, чиј негаторски однос е потценувачки за нас како држава, нација и народ и секако не е пример за европска вредност, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 „Но треба да бидеме свесни дека таквото однесување е последица на гмечењето и толчењето на неспособниот мафијаш Зоран Заев кон сопствената држава и народ, кој за власт, пари и тендери е подготвен за трговија.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува секаква негаторска политика кон Македонија и македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, без суштинска работа и резултати ги зголемува апетитите на оние имаат поинакви интереси од државните и националните на нашата држава.

Зоран Заев треба да понесе одговорност сто повторно ги доведува европските интеграции на земјава во ќорсокак овој пат во услови на тешка социјална, здравствена и економска криза.

 

Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми“ се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега