ВМРО-ДПМНЕ: Половина Скопје е без редовно греење

„Заради неспособноста на владата цената на парното се зголеми и половина Скопје е без редовно греење.
Кога сите земји во светот и регионот преговараа за снабдување со гас на нивните држави и економии, владата на Заев и пиунот Ковачевски во која тој раководеше во министерството за финансии не презема ништо“, реагираат утрово од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.

„Владата на Заев и пиунот Ковачевски не остави и без струја, затоа што наместо во РЕК да се копа јаглен на време, се распишуваа тендери за да вртат нечии камиони и да се полнат нечии џебови. И затоа сега имаме и поскапа струја.Заев и пиунот Ковачевски ги доведоа граѓаните во крајна неизвесност и со угаснати радијатори во сред зима.

Пиунот Ковачевски нема легитимитет за формирање на влада, бидејќи тој е дел од причината за сите катастрофи кои и се случија до сега на Македонија.
Единствен начин за излез од кризата се предвремени парламентарни избори час поскоро“, додаваат од партијата во реакцијата.

11.01.2022 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега