ВМРО-ДПМНЕ: Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак
Срамота е што СДС за сопствените порази вината ја бара во сите други, освен кај себе. Кој на шверцерски начин овозможи промена на имињата на улиците во 2021 година? Тоа се СДС и ДУИ. Кој го одобри и пречека како супер стар Албин Курти и од Скопје направија косовски пашалак? Тоа се СДС и ДУИ, одговори ВМРО-ДПМНЕ на објавата од СДСМ.
– Зошто го прават сето ова? За да обезбедат живот на владата, а ДУИ тера националнистичка агенда за да Албанците не зборат за криминалот и сиромаштијата кои тие им ја донесоа. Денес добро ќе беше да обезбедат фабрика, а не промена на име на улица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа