ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на дизелот за 4 денари – Удар на Заев за најсиромашните

Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари, за да покрие долгови и да има за тендери. Ребалансот на буџетот кој го предлага Заев предвидува воведување на нов данок, надомест за дизел горивата во висина од 4 денари. Со ова Заев сака за половина година да собере 27 милиони евра од џебот на народот во буџетот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев воведува нови давачки затоа што го испразни буџетот преку скапи набавки и плаќање и повеќе од двојно на тендери. Ова е удар врз земјоделците, врз транспортерите и врз сите граѓани кои возат автомобили кои користат дизел. Заев го соголи народот, сега сака и последниот денар да му го земе. Секаде во светот има помош од владите поради кризата, само кај нас со Заев имаме нови даноци и нови проблеми. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е, велат од партијата.

11.06.2021 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега