ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со 4 граѓански здруженија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска потпиша меморандум за соработка со четири граѓански здруженија: Сојузот на земјоделци, Здружение за културно обединување на Бошњаците, Коалиција на Египќаните и Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

ВМРО-ДПМНЕ е партнер со граѓаните, таа соработка трае со години, подвлече Груевски, по потпишувањето на меморандумот.

-Се наоѓаме во предизборен период. Граѓаните ја вреднуваат програмата и проектите. Оваа соработка, преку потпишаниот меморандум е во насока и на заедничко разгледување на идеи и предлози од сите субјекти во општеството. Довербата се гради секој ден, а тоа ќе продолжи и во иднина преку плодна соработка, заклучи Груевски.

Груевски подвлече и дека ВМРО-ДПМНЕ ги обединува сите кои сакаат подобра иднина за Македонија и нејзините граѓани.

 
 
08.11.2016 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега