ВМРО-ДПМНЕ предлага пописот да се спроведе со апарати за отпечаток од прст

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се набават апарати за отпечаток од прст и тие да се користат при спроведувањето на пописот за на крајот сите да бидат сигурни во резултатите и тие да бидат признаени од сите политички фактори во Република Македонија, а не да се добијат резултати заради мир во коалицијата на власт, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање.

– За да можат да бидат релевантни податоците извршени со пописната операција и за да бидат резултатите од пописот признаени од сите политички фактори и од сите институции и институти во Република Македонија, предлагаме решение, а тоа е да се набават оние апарати за отпечаток на прст при спроведувањето на пописот. И на крајот сите да бидат сигурни во резултатите на пописот, дека не станува збор за политичко решение заради мир во коалицијата на власт, туку дека е извршен попис кој што ќе ги даде вистинските параметри за напредок на Република Македонија и дека тие резултати ќе  бидат признаени од сите политички фактори во Република Македонија – рече Стоилковски.

Според него, законот за попис не е закон кој што треба да го носи европското знаменце и при тоа се злоупотребува скратената постапка.

– Ова е закон за попис кој што всушност е за една употреба, за еден пописен процес во деценијата. Ова е закон кој што треба да определи една статистичка операција, пребројување на населението, а во него како секогаш до сега била вклучена методологијата. Но овој пат изостанува методологијата според која што ќе биде вршена оваа статистичка операција. Тоа е така затоа што, во моментот овака како што е предложена и објаснета не станува збор за статистичка операција туку за политички договор кој што се потврдува со два врзани потписи. Вака како што е предложен законот може да даде резултат од неверојатни 3 милиони жители во Република Македонија – додаде Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2020 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега