ВМРО-ДПМНЕ: Приходите во буџетот помали за 14% од лани, економијата колабира, вртоглаво паѓа стандардот, а власта се богати

Крими тендерашката власт на Заев со организирање спектакли со уривање на една дивоградба сака да го прикрие економски колапс кој се случува во Македонија. Дивоградбата кај Мавровка не требаше ниту воопшто да се изгради ако беа ажурни институциите под контрола на Заев, а не пак сега сензационалистички да се руши со народни пари. Јасно дека овој театар им беше потребен за да прикријат дека приходите во буџетот во месец август се помали за 13,9% во однос на лани поради погубните економски политики, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наплатата на ДДВ е помала за 14,3%, акцизите се за 25%, данокот на добивка е за 28,9% и приходот од персоналниот данок е помал за 10,4%. Сето тоа говори дека економијата крахира, се намалува економската активност, вртоглаво паѓа стандардот на граѓаните и тие помалку трошат. Дополнително 40 илјади лица за само 5 месеци ја изгубиле својата работа, а 30 илјади лица од месец април навака не земаат редовно плата. Власта на Заев освен за криминали за друго не ја бива. Создадоа нов долг од 1 Милијарда евра за само три месеци, а патем ги поскапеа акцизите за горивата за 3 денари и ја покачија струјата за 7,5% за да ја префрлат на грбот на граѓаните својата неодговорност и неспособност, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека со власт на Заев едно е јасно, државата ќе тоне , а тие ќе се богатат.

-Економијата ја клекнаа на колена затоа што се посветени само на некој тендер повеќе за себе, неколку милиони повеќе во нивниот клан, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега