ВМРО-ДПМНЕ: Притисоците на Заев кон пратеници се потези на очајник

Преварантот Зоран Заев е изворот на кризите и проблемите во Македонија. Тој не може веќе да биде ниту решение. Неговото заминување е неопходно за подобро на Македонија.  Неговиот збор видовме дека не вреди, тој освен што е губитник е и класичен измамник. Последните обиди за притисоци и непристојни понуди кон пратениците кои се потпишаа на иницијативата за гласање на недоверба на владата се само сламка за спас на Заев и екипата околу него. Тоа се потези на очајник, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните јасно му порачаа на последните избори дека се за промени и ваквите злоупотреби нема да му помогнат, туку само уште повеќе ќе го зголемат незадоволството на народот. Заев не може да ја држи Македонија во заложништво заради фотеља и политичка кариера. Тие се веќе завршени. На народот му е јасно како бел ден дека со Заев и СДСМ на власт ќе продолжат да тонат во криза, економска, здравствена, енергетска. Мотивот на тие кои се потпишаа на иницијативата е да се исполни волјата на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека помина времето на лагите, заплашувањата и притисоците на преварантот Заев.

-Доаѓа времето нова власт да се справува со проблемите и да донесе нова и подобра иднина за Македонија, велат од партијата.

10.11.2021 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега