ВМРО-ДПМНЕ: Резултат од работата на Филипче се над 8.000 починати од ковид

И по две години корона пандемија Венко Филипче не успеа да го организира здравствениот систем. Резултат од неговата работа се повеќе од 8 илјади починати од корона. Со ова Македонија е на високо петто место на светската листа на починати од корона, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„За две години имаше само огромен број на заболени, огромен број на починати, недоволно лекови, недефинирани протоколи за лечење.

За пет дена или од понеделникот (03.01.2022) заклучно со петок (08.01.2022) бројката на заболени се зголеми за повеќе од четири илјади лица. Или во понеделникот официјално имаше 4.817 болни, а заклучно со вчерашниот ден 9.166 болни од корона.

И ова е само официјалната статистика на министерството за здравство.

На ваква ситуација, Филипче, кој е во заминување, не мрдна со прст. Пунктовите и за тестирање и за вакцинирање се затворени 4 дена!

Но, зошто тој би се грижел дали граѓаните даваат пари за тестирање во приватни лаборатории?! На Филипче и Зоран Заев око не им трепна ниту две години за голготата која ја минуваа граѓаните, се грижеа само за тендерите.

Тешко дека и Димитар Ковачевски и неговиот тим ќе сменат нешто. Од досега виденото тој е само продолжение на заевизмот.

Ситуацијата може да се надмине само со избори, а по изборите сите што ги заборавија граѓаните и се грижеа само за личните интереси, корупција и криминал ќе одговараат“, се вели во соопштението.

08.01.2022 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега