ВМРО-ДПМНЕ: САД ја критикува земјава за корупција, а Владата праќа криминалец за амбасадор

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта за нов амбасадор во Соединетите Американски Држави поставила криминалец.

-И кога е од Заев многу е. Да поставиш соработник на Милошевиќ и шверцер на нафта за амбасадор во САД, значи прво дека не ја почитуваш сопствената земја, а потоа ниту САД. Љубомир Фрчкоски е човек кој не се врзува со проекти, туку со скандали. Додека тој беше МВР и МНР се случија приватизацијата, промената на знамето, убиства и грабежи. Киро Глигоров лично кажал дека Фрчкоски му нудел скап часовник и други скапи подароци за да го промени името, што било одбиено од истиот. Фрчкоски е човекот кој беше МВР кога подоцна се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров и не го расчисти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Фрчкоски тепал студенти и жени.

-Фрчкоски е мизогинист, кој што не го крие тоа. Љубомир Фрчкоски не може да биде лицето кое ќе ја претставува Македонија во Вашингот, тој е се само прогресивен елемент не, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега