ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги боли работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Бледите соопштенија на СДС не можат да го сокријат фактот дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година направија повеќе од нивните претходници од СДС за 4 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните знаат дека СДС со нивните соопштенија и прес конференции само шират невистини и лаги, со цел да ги прикријат своите афери и криминали. Аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра, каде во центарот на картелот е фатен Ковачевски, не може да се сокрие од јавноста.

Општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ таму локалната самоуправа е сервис за граѓаните, а не како претходно за мафијата. Бројни инфраструктурни проекти се реализираа со цел да се подобри животот на граѓаните. СДС ги боли работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

09.10.2022 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега