ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко - кинеска фирма?
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека власта сака да ја продаде МЕПСО на грчко-кинеска фирма.
Тие денеска повторно прашаа дали власта на СДСМ и ДУИ „спремаат нов бонбона бизнис“.
-Во Грција излегле информации во медиуми дека грчкиот електро преносен систем каде 24% сопственост има кинескиот електропренеосен систем во државна соспственост сака да го купи МЕПСО. Доколку власта се осуди на продажба на МЕПСО тоа ќе значи целосно губење на енергетската независност на Македонија. СДС и ДУИ беа тие кои ја продадоа ЕСМ на само неколку месеци пред изборите во 2006 година, велат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се тие чии бонбона бизниси ги чинат граѓаните милиони.
-Власта да не влегува во нови авантури, МЕПСО е од стратешко значење за државата и негова продажба не носи никаква полза за Македонија и граѓаните, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа