ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани само 17 пратеника, под притисок на Бугарија молчат

 

„СДС и Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани само 17 пратеника, под притисок на Бугарија молчат. СДС и Ковачевски молчат за криминалот, а молчат и на Бугарите за Илинденската декларација, која испари под притисок на Бугарија. Од поднесената декларација до Собранието може да се види дека само 17 пратеника од власта се потпишани на неа, од кои 16 од СДС и само еден коалиционен партнер, ги нема останатите коалициони партнери на СДС и ДУИ.“- велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението испратено до медиуми.

-СДС и Ковачевски со денови не ја спомнуваат декларацијата која помпезно ја најавуваа. Дали власта мора да молчи заради притисокот од Бугарија? Лицемерието на СДС излезе на површина. ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа СДС да ја пушти декларацијата, а потоа на истата ќе поднесеме суштински амандмани на линија на македонските интереси. Дали СДС воопшто нема да смее да ја стави истата во процедура?- додаваат од партијата.

15.08.2023 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега