ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски да кажат кој го плаќа странскиот експерт за црни кампањи Асаф Исеин

СДС, Ковачевски и Пендаровски да кажат кој го плаќа странскиот експерт за црни кампањи Асаф Исеин, дали странска држава или во кеш со што прават кривично дело, бараат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС молчи и не одговара зошто се фатени во тесно. Вистината излезе на виделина. Пендаровски призна дека се среќавал со Асаф Исеин и дека тој бил ангажиран од СДС. Колку и Ковачевски да сака да го прикрива Пендаровски, кој беше искрен, не може. СДС треба да каже дали во последните 10тина дена Исеин е чест посетител на нивниот штаб и дали тој им ги прави црните кампањи? Дали тоа го прави во канцеларии во еден хотел на кејот на Вардар и кој го плаќа сето тоа? Дали ангажирањето на странскиот експерт е платено од некоја странска држава која има интерес да се меша во изборите во Македонија или пак, истото е платено во кеш? И едното и другото е кривично дело, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека „со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“.

 
23.03.2024 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега