ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да го повлече предлогот за кратење на плати и да се фокусира на мерки кои ќе дадат резултати

Мерките на СДСМ се навреда за интелигенцијата на граѓаните на Република Македонија, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Не е солидарност кога својата неспособност владата ќе сака да ја наплати врз грбот на работниците.

Не е солидарност да се крати плата на работниците, а тие со привремени вработувања да седат дома и да земаат плата.

Не е солидарност кога министрите и директорите кои претходно земале 3 или 4 пати поголема плата ќе рече Заев дека треба да „стиснат заби“ заедно со работниците и да земат минимална плата. Првиве имаат залихи, вторите секој месец им е борба за преживување.

ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се доцни со мерките во стопанството, а Заев вели дека проактивно делувал. Од таквото негово делување 10 илјади работници за една недела престанаа да одат на работа.

Заев треба да го повлече предлогот за драстично кратење на платите, и да се фокусира владата кон мерки кои ќе дадат резултати.

Треба да се заштити здравјето, но и стандардот на граѓаните“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега