ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кои се партиите од ново мнозинство, во спротивно ќе се докаже дека лажат и манипулираат

ВМРО-ДПМНЕ експресно реагираше на соопштението на СДСМ во кое тие велат дека водат сериозни преговори за формирање на ново парламентарно мнозинство.

-Наместо досадни и стерилни соопштенија за себехрабрење бидејќи СДСМ трет ден тврди дека има мнозинство јавно ги повикуваме да кажат кои се партиите од ново мнозинство, која е цената за таквата коалиција, кој ќе биде премиер, во спротивно ќе се докаже дека лаже и манипулира. Што се однесува до иднината за која пишуваат ако од СДСМ зависи иднината тешко на државата и граѓаните. Бидејќи велат дека од нив зависела европската иднина тогаш јавно прашуваме што ги спречуваше до сега нејзе да ја донесат, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега