ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Дамјан Манчевски ширaт лажни вести дека деновиве најголем број од заразените се од литијата во Струга

СДСМ и Дамјан Манчевски се во паника дека ја губат довербата кај граѓаните и мислат дека со ширење на  лажни вести  ќе ја вратат довербата  кај народот. Дамјан Манчевски во во гостување во телевизија 24 рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата посочува дека според информациите кои ги дава министерството за здравство и Венко Филипче ниту вчера, ниту денеска нема новозаразени од корона вирусот од Струга.

-Не само што шират лажни вести СДСМ и Манчевски се поставува и прашањето од каде му е оваа информацијата на Дамјан Манчевски кога ниту министерот за здравство Венко Филипче го нема кажано тоа? СДСМ мислат дека со ширеше на лажни вести ќе го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи овие лажни политики на СДСМ кога и да се случат изборите. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега