ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ Градската општа болница „8 септември“ ја направија партиско дувло

 

„На огласот за вработување во ГОБ „8 Септември'' вработена е ќерката на пратеничката Мира Стојчевска, познатата како Мира Дизел. За вработувањето на Александра Стојчевска сведочат вработени во ГОБ. Вработените прашуваат дали ГОБ „8 Септември“ наместо да вработува квалитетни кадри, станало дувло на партиските кадри на СДС“, реагираат утрово од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во период во кој Владата на СДС-ДУИ го урна здравствениот систем со ова директно ги демотивира младите кадри со праќање вакви пораки за вработување на партиски кадри.

Со ова Владата на СДС-ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кои продолжуваат да си заминуваат од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување на партиски кадри“, се додава во реакцијата на опозициската партија. 

31.10.2023 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега