ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче не знаат и не им се работи, заемот за болниците е само изговор

СДСМ да не се правдаат и да престанат до лажни изговори. 9 месеци ја лажат јавност за нови болнички капацитети за КОВИД, а Филипче со прст не мрдна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во својата реакција велат дека Филипче го преспа цело лето. И не направи ништо.

„Ако толку бил важен заемот за КОВИД болниците тогаш нрка крадат помалку и наместо картички за поткуп можеа да ги пренаменат парите за болници, или пак министерката за еднократна употреба Нина Ангеловска, која пропадна банка можеше да им го потпише кредитот.

Но СДСМ наоѓа само изговори. Реалноста е дека не знаат и не им се работи.

СДСМ и Венко Филипче се виновници за здравствениот хаос и економската катастрофа која ни се случува.

Време е за одговорност.“ реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега