ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ и Заев воведуваат нов данок при увоз на дизел гориво, дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари

СДСМ и Зоран Заев откако го испразнија буџетот и ја презадолжија државата, сега ги зголемуваат даноците за народот да го плаќа долгот кој го направија, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ребалансот на буџетот Заев предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литро. Со овој нов данок дизел горивата трајно ќе поскапат за 4 денари.

Заев планира од ваквата мерка за половина година да собере скоро 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година.

Народот е тој кој е најпогоден од поскапувањето на дизелот заради новиот данок. Земјоделците, транспортерите и граѓаните во целост се тие кои ќе го понесат товарот на данокот на Заев.

4 години со Заев, 4 години беспарица, 4 години украден живот. Доста е!“ се вели во соопштението.

10.06.2021 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега