ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зголеми парцелата за облакодери кај Холидеј Ин за четири пати

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ ја зголеми парцелата за облакодери кај Холидеј Ин за 4 пати, од 4.000 м2 да стане 13.000 м2.

-Првичниот плац за облакодерите беше 4.000 м2, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13.000 метри квадратни. Тоа се двојните аршини на СДСМ за Центар, пред народ зборуваат за паркови, а во позадина окрупнуваат парцели за бетонизација. Од 4.000 м2 површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ допродаде уште 9.000 м2 државно земјиште за да може бетонизацијата да го проголта овој дел од Центар, посочуваат од партијата.

Богдановиќ, Шилегов и Заев не ја спречуваат бетонизацијата, тие само си ја префрлаат топката. И тројцата работат на штета на Скопје.

 

Со Богдановиќ, Шилегов и Заев Скопје тоне. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!

14.07.2021 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега