ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лиферува лажни вести за Когресот на ЕПП, одговорност за ќорсокакот во интеграциите треба да го бараат кај Заев

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста од својата неодговорност и состојбите до кои ја донесе Македонија.

„СДСМ се обидува да лиферува лажни вести за Конгресот на ЕПП, за да дефокусира од својата неодговорност и состојбите до кои ја донесе Македонија.

За тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги застапува националните и државните интереси на Македонија пред ЕПП ги повикуваме Дарко Каевски и СДСМ да го проследат говорот на претседателот Мицкоски на Конгресот на Европската Народна Партија. Токму во тој говор јасно и недвосмислено беше потенцирано дека Македонија и граѓаните во Македонија  заслужуваат отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, без било какви условување и негирања на македонскиот јазик и идентитет.
Добро ќе беше СДСМ и Каевски навреме да препознаеа каква замка и пречка за Македонија претставуваат егзибиционизмот и болната амбициозност на нивната врхушка, кога дадоа правна рамка на едни анахрони, негаторски и неевропски барања. СДСМ тогаш вметна кукавичко јајце во договор за добрососедство кој сега ја води Македонија кон ќорсокак. За тоа одговорност Каевски и СДСМ треба да бараат од Зоран Заев, но и од наследникот Ковачевски.
СДСМ треба да прифати одговорност за ваквите потези исто како што треба да прифати одговорност и за другите нотирани забелешки кои се однесуваат за нивното 5 годишно злоупотребување на институциите. Во Европа веќе ја гледаат злоупотребата на институциите за да се нападнат опозициските партии, групи и поединци и дека во Македонија е потребно да се воспостави одговорен систем каде што судските служби се деполитизирани, а предметите се судат врз основа на објективни факти наместо политички интереси на разни групи“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
03.06.2022 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега