ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги поддржа земјоделците, само им испрати полиција да ги тепа

„СДСМ не ги поддржа земјоделците само им испрати полиција да ги тепа, а производите наместо на откупен пункт завршија на буниште.5 години земјоделците излегуваат на улица, зошто нема ништо од сигурниот откуп и високите откупни цени, а кога јасно го кренаа гласот Заев и СДСМ им пратија полиција да ги тепа. 5 години праските завршуваат на депонија, зошто нема каде да се продадат. 5 години јаболката завршуваат во Преспанско езеро, 5 години оризот скапува во амбарите. 5 години по ред нема никаков откуп кој ќе овозможи земјоделците достојно да си го заработат лебот“, вака реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку писмено соопштение испратено до медиумите.

„Власта со ништо не помогна. Субвенциите доцнат и по неколку години.

И оваа година субвенциите наместо да растат, парите кои се одвојуваат се намалуваат.

 

Со СДСМ земјоделието оди надоле. Единствен начин да тргне државата напред се брзи предвремени избори, со цел целосна смена на оваа неработничка власт“, додаваат во соопштението.

26.12.2021 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега