ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се помири со фактот што претседателот проф. др. Христијан Мицкоски на Конгресот на ЕПП имаше говор и средби како лидер на држава

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на претходното соопштение на СДСМ и порача дека нивната партија не може да се помири со фактот што претседателот проф. др. Христијан Мицкоски на Конгресот на ЕПП имаше говор и средби како лидер на држава.

„СДСМ не може да се помири со фактот што претседателот проф. др. Христијан Мицкоски на Конгресот на ЕПП имаше говор и средби како лидер на држава.

Тенденциозноста на СДСМ не поминува. Се обидуваат да спинуваат документ, кој повикува на итно отворање на преговори. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е гласно кажан на Конгресот од страна на претседателот Мицкоски.

СДСМ се единствените виновници што процесот за евроинтеграција на Македонија се фокусира на минатото, наместо на иднината. СДСМ се единствените виновници, што на македонскиот народ, му се оспорува правото на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Пораките од сите европски лидери и претставници, се јасни, а тоа е: Итно отворање на преговорите со Македонија. Дополнително, лидерите на ЕПП отсекогаш се најголемите поддржувачи на евроинтеграцискиот пат на Македонија, нешто што за жал не го гледаме дека е толку изразено од лидерите на политичкото семејство на СДСМ. Како пример, премиерот Андреј Пленковиќ на Хрватска и австрискиот канцелар Карл Нехамер се едни од најголемите поддржувачи.

Европската народна партија на Политичкото собрание кое се оддржува вечерта пред почетокот на изборниот Конгрес донесе Резолуција за Западниот Балкан. Резолуцијата во својата содржина повикува за обединет европски пристап за Западниот Балкан и забрзан почеток на пристапните преговори со Македонија.

Во делот фокусиран на Македонија, меѓу другото, највисокото политичко тело на Европската народна партија изрази сериозни грижи за злоупотребата на институциите за да се нападнат опозициските партии, групи и поединци. Партијата истакна дека во Македонија е потребно да се воспостави одговорен систем каде што судските служби се деполитизирани, а предметите се судат врз основа на објективни факти наместо политички интереси на разни групи.

 

Во делот на реформите во Македонија, Политичкото собрание укажа дека декларативните изјави на тие кое се на власт не може да заменат искрени и транспарентни реформи“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

 
02.06.2022 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега