ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кандидати за градоначалници затоа што никој не им се нафаќа да ги загуби изборите

СДСМ нема кандидати за градоначалници во големите општини затоа што никој не им се нафаќа да ги загуби изборите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ е во шок од анкетите. Како што се вели во соопштението, дури и тие кои СДСМ ги прави за сопствени потреби покажуваат оти СДСМ губи.

-СДСМ нема се уште кандидат за градоначалник на Велес затоа што никој не се нафаќа да биде жртвено јагне. Неколку видни членови веќе го одбиле раководството на СДСМ затоа што не сакаат да трчаат однапред изгубена трка во Велес. Во меч без ракавици не сака да оди никој и во Прилеп. СДСМ го губи градот, и сите се дистанцираат од можноста да се кандидати на партијата која го штити Чипсио, кој како шофер на Заеви шверцаше дрога. СДСМ губи и во Аеродром. Најнеспособниот скопски градоначалник после Шилегов, Марин ја унакажа општината, трошени се општински пари без ред, а сметката е во минус. Никој не сака да биде боксерска вреќа за криминалот на Марин, се вели во дописот од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев нема луѓе и сите го напуштат.

- Анкетите на НДИ се уште еден доказ дека СДСМ губи. Партиските анкети го говорат истото. Затоа секаде каде што до сега имаат соопштено кандидати, се стари  и истрошени кадри, нема нови лица затоа што никој не сака да губи. Наспроти истрошените кадри на Заев и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови кадри, чесни луѓе, професионалци во своите области. ВМРО-ДПМНЕ нуди кандидати кои ќе направат од своите општини поубаво место за живеење. Доаѓаат промени. Народот сака подобро. Време е за Македонија за сите луѓе, се вели во соопштението.

 

22.08.2021 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега