ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ од прогресивна партија, стана мафијашка структура

Блед говор, ништо ново, историски одлуки за историски неуспеси. СДСМ од прогресивна партија стана мафијашка структура и извор на криминал, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на говорот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот партиски конгрес.

-Сочувствуваме со членовите на СДСМ и ги охрабруваме да си ја вратат партијата назад од мафијата која им ја киднапирала. Заев велеше ЕУ ќе биде нашиот најдобар пријател, а денес на Заев најдобар пријател му е Седат Пекер, Шкаљарскиот клан и мафијашки босови ширум светот. Заев донесе хибриден режим и сиромаштија. Никој не живее подобро, само екипата околу него што краде и мести тендери. 6.000 луѓе ги изгубија животите поради Заев. Додека сите во светот трчаа по вакцини, Заев со Филипче трчаше по провизии.Зоран Заев е истата криминална матрица од криминалната транзиција, а СДСМ се распаѓа поради криминал, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, по пет години Заев не може да се пофали со ниту еден проект.

-Парите наместо кај граѓаните отидоа кај Рашковски и Вице. Македонија е изолирана, наместо членка на ЕУ, Заев ја направи пријател со Буркина Фасо, Лесото и Гана на  листите по криминал и сиромаштија. Државата е задолжена. Јавниот долг е 62%, односно над 6.5 милијарди. Македонија плантажа за марихуана за Заеви, а народот аргати, се вели во дописот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега