ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ пироманска да одговори дали намерно се пали документација за прикривање на траги за криминал

 
 
„Утринава се случи четврт пожар во државна институција. Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, министерството за правда“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со пожарот кој избувна во ЈП Улици и Патишта. 
 
„Во сите четири институции запалени меѓудругото се и документи од институциите.  СДСМ пироманска да одговори дали ваквите пожари не се дел од смислено сценарио за уништување на документација за можен криминал во работењето на овие институции?“, се додава во соопштението.
22.12.2021 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега