ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се бори за фотелји, тие се дрски и арогантни го газат народот кој е се посиромашен

„СДСМ се бори за фотелји, тие се дрски и арогантни го газат народот кој е се посиромашен.

Народот плаќа 110% поскап зејтин, над 70% поскапи горива, над 100% поскап леб, сите основни производи се покачени за над 50%, а притоа платите не пораснаа ниту еднаш, и кога работниците бараат покачување добиваат закани и ароганција од власта.

Ковачевски е дрзок со народот од позиција на моќ, тој им се заканува на наставниците дека ќе ги брка од работа.

Власта не е способна ниту да направи нешто, скоро двојно е зголемен јавниот долг, а нема ниту една инвестиција, напротив има инфлација и нема никаков раст на економијата. Државата е буквално во стагфлација. Кај се неспособни, па уште се и дрски.

Народот се соочува со поскапи сметки секој месец. Над 30% поскапа струја, над 15% поскапо парно греење, над 70% поскапи горива. Нема нешто кое не е поскапено, а во исто време куповната моќ на населението е на дното.

 

Со оваа влада Македонија не може да оди напред“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации наВМРО-ДПМНЕ

 

29.04.2022 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега