ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фаќаат во сопствените лаги

Зоран Заев и СДСМ со секој нов ден продолжуваат со одработување во полза на странските центри преку објавување креирани материјали со кои нанесуваат директна штета на државните интереси и на граѓаните на Македонија, а ваквите панични изјави и прес-конференции како денешната само ја докажуваат неуверливоста на СДСМ и фактот дека самите се фаќаат во сопствените лаги, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

- Да потсетиме, Заев беше човекот кој јавно и соопшти на јавноста дека македонскиот народ треба да ја свитка кичмата, кој по смс пораки ги информираше другите партиски лидери дека на власт ќе го донесат пријателите од странство и кој на премиерот му потврдил дека креираните материјали му се од странски служби, човек кој јавно се закани кога ќе дојде на власт сите вработени ќе ги замени со членови на СДСМ. Додека Заев и СДСМ го трошат своето време на одработување туѓи сценарија, ВМРО-ДПМНЕ го посветува целото свое внимание на проекти, идеи и предлози што се од полза на реалните потреби на граѓаните и ќе продолжи да работи на подобрување на условите за живот и стандардот во Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега