ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со своето неспособно работење ја уништи економијата

 

Индустриското производство е во пад за 33,5 % споредбено со минатата година. Бројот на вработени во индустријата е намален за 5,2% споредбено со јуни месец 2019 година. Извозот падна за 22,3%, а увозот за 18,1% споредбено со првите шест месеци од 2019 година. Јавниот долг е неверојатни 6,5 милијарди евра.

Ова денеска го истакна опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Според опозицијата, Македонија е дополнително задолжена за 1 милијарда евра, а буџетската дупка во првите седум месеци изнесува 520 милиони евра.

-Набројувањата за економското фијаско во кое владата на СДСМ ја донесе државата се бројни и алармантни. Граѓаните се осиромашуваат, додека капиталот на Заеви и функционерите на СДСМ расте во невидени размери. Бизнисите пропаѓаат, вработените се отпуштаат додека СДСМ на пресови измислува  нерелевантни бројки. Костадинов и СДСМ треба да и објаснат на македонската јавност зошто се кријат податоците за бројот на невработени лица од Агенцијата за вработување која нема објавен ниту еден податок колку лица останале без работа последниве два месеци. СДСМ се  фали со неуспешни сетови на мерки кои на компаниите и на вработените не им помогнаа. Економските последици се поради безидејноста и неспособноста на досегашната влада да изнајде начини за да им помогне на граѓаните, како и поради расипничкото трошење на народните пари, криминалните тендери  и штетните политики, сега СДСМ ќе мора да се соочи со одговорноста од економскиот колапс, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, само на пресовите на Костадинов доаѓа животот. СДСМ и Заев, се вели во соопштението, покажаа дека единствено можат многу повеќе и многу подобро да лажат.

Спред ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е на работ на економска бездна, последиците од нивното владеење се катастрофални, а единствените политики кои СДСМ ги креира се за криминалните картели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега