ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди - ЈСП е бунар без дно

„Ретко кога сме изненадени, но не очекувавме дека за толку брзо ќе излезе вистината на виделина, и да се добие потврда за ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека ЈСП е бунар без дно, и дека покрај изгласаните 700 милиони денари субвенции Арсовска уште не исплаќа плати за вработените на ЈСП“. Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите, откако беше одлучено дека утре нема да сообраќаат автобусите на ЈСП оти немаат земено плата.
 
„Очекуваме да излезе Арсовска и да каже зошто нема плата, како што воодушевено и полетно излезе кога организираше протести пред советот против ВМРО-ДПМНЕ и кажуваше пред вработените, смеејќи и покажувајќи лажен триумфализам преку оградите, дека го спасила ЈСП. 
 
Исто така не очекуваме ништо ниту СДС, Левица и ДУИ кои срдечно ги поддржаа седумстотини милиони денари субвенции, и во исто време водеа хајка против ВМРО-ДПМНЕ и градеа среќа и профитираа врз туѓата несреќа“, стои во партиската реакција. 
 
 
15.02.2024 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега