ВМРО-ДПМНЕ се закани: Ако молчат институциите, ние ќе информираме за скандалот

Ги предупредуваме институциите да не молчат и да не прикриваат, бидејќи ако не тие, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе ја информира јавноста за овој скандал. Со овие зборови се заканија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ доколку, како што велат институциите не ги откријат информациите во јавноста.

„Обвинителството и МВР молчат за скандалот во УЈП тежок 20 до 30 милиони евра. Очигледно се обидуваат да го забошотат или пак да го сведат на ситни риби како што тоа го направија со скандалот со 215 пасоши доделени на белосветски мафијаши.

Затоа ги повикуваме јавно да излезат со овој скандал и да не ги кријат крупните имиња кои се вмешани.

Имено во овој криминал учествувале фирми кои фиктивно побарувале ДДВ од УЈП и фирми кои должеле и истите преку цесии се порамнувале и на тој начин го оштетувале буџетот“, се наведува во писменото соопштение на опозицијата, испратено утрово до медиумите.

„Очекуваме институциите да излезат со информации па да видиме и ние и јавноста дали во тие имиња има вмешани сегашни и поранешни функционери во институции и лица блиски до сегашни и поранешни функционери од оваа власт на СДСМ и ДУИ“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

13.05.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега