ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемуваат цените на горивата, за да има повеќе пари во фирмите на Ковачевски

Цените на горивата се зголемуваат за да има повеќе пари во буџетот за фирмите основани од Ковачевски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поради зголемувањето на цените на горивата од вечерва по полноќ.

„Владата не ја намалува акцизата за горивата, и не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за да има повеќе пари собрани во буџетот, па оттаму да може да дели милиони, од кои дел во минатото земале и фирми основани од Ковачевски.Народот ќе плаќа за 1.5 денари поскап дизел, за да не трпат расходите во буџетот, кои се неразвојно димензионирани.

Време е СДС наместо за себе да почне да работи за народот. А, дезертерот Ковачевски да си поднесе оставка“, стои во реакцијата на опозициската партија.

03.10.2022 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега