ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска да каже колку пара обувки и униформи за војниците може да се купат со 1,5 милиони евра

„Дали Радмила Шекеринска колку пара војнички обувки и униформа можеле да се набават со 1,5 милиони евра изрекетирани пари во торбата Луј Витон. Дали Радмила Шекеринска знае колку плати за војниците има во парите кои се изрекетираа во овие три години власт на СДСМ, пари за кои има сведоштво дека завршиле кај Зоран Заев“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека тоа го тврди токму нејзиниот пријател Бојан Јовановски со кого Радмила Шекеринска се среќавала  во друштво со Катица Јанева. Таа средба на Шекеринска со двајцата осудени за случајот рекет многу говори.

„Шекеринска има одговорност за тоа што се создадоа криминално рекетарски шеми со кои за милиони евра била пазарена правдата. Шекеринска има одговорност затоа што во исто време додека народот осиромашуваше и економијата тонеше, таа уживала во луксуз и имала тајни средби со лицата поврзувани и осудени за криминал.

Да имаше правна држава, а не Луј Витон правосудство Шекеринска ќе требаше да даде одговори на овие теми.

СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“ се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа