ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор на име на министерство за одбрана

Шекеринска освен тоа што во криза троши преку министерство за одбрана пари за репрезентација и патувања позната е по тоа што шири лажни вести, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, додека докторите немаат маски, од министерството за одбрана се плаќаат пари за ресторани и репрезентација како и пари за патувања.

-Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена. Министерството за одбрана потрошила 1 милион и речиси 43 илјади денари за за патувања. Во истиот овој период, за само 4 дена за репрезентација, ручеци и ресторани, мнинистерството за одбрана со кое раководи Шекеринска потрошило дополнително речиси 362 илјади денари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега