ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов го одродува Скопје

Петре Шилегов од Скопје е на пат да направи коминтерновска паланка. Сите комунистички и авторитарни ликови од 20-тиот век ќе добијат имиња на улици во Скопје, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на интервјуто на таткото на главниот град Петре Шилегов за Сител.

-Улиците во Скопје треба да бидат обележје не само за едно време, туку и за еден град и народ, а Шилегов е на пат тоа да го избрише. Имињата на Митрополит Теодосиј Гологанов и Васил Чакаларов се спорни за Шилегов, ама не е спорно тоа што во Скопје ќе имаме имиња на улици по градови и држави кои му се страни на градот. Шилегов барајќи некој комунистички дух на Скопје заглави во длабок авторитаризам па ќе имаме Октомвриска револуција и Бихакќа, а немаме Павел Шатев. Шилегов тоа што се обидува да лови на некој сентимент целосно промашува. Душата на градот не е ниту Троцки ниту Комаров. Шилегов требаше да одвои време за нови проекти, а не на менување имиња, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега