ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Марин ветуваа „Ајро, ајро“ - скопјани дишат смрт, наместо воздух

Зимата уште не дојдена, Аеродром се гуши. Секоја вечер нивото на загаденост на воздухот е 4 – 5 пати над дозволеното, ова се податоци кои ги покажува мерната станица во Лисиче. Златко Марин и Петре Шилегов кои дојдоа на власта, јавајќи на бранот дека ќе го намалат загадувањето на воздухот и ќе го подобрат неговиот квалитет, три години ништо не направија.

Ова вечерва го соопшти Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје. Оттаму тврдат дека нема нови зелени површини, нема инвестиции во енергетски ефикасни објекти во ниту една општина во Скопје, но и како што велат, нема ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот.

-Ситуацијата ја влошуваат дивите депонии, кои ги има на секаде, а за кои градот, иако признава дека се проблем, ништо не прави за да ги дислоцира. Шилегов и Марин се што прават е во насока на бавно труење на скопјани и аеродромци. Шилегов и Марин стоеја позади Заев кога тој ветуваше чист воздух за Аеродром, викаше на цел глас, ајро, ајро, чист воздух за Аеродром. А сега наместо чист воздух аеродромци дишат смрт. Затоа потребна е одговорност, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега